На Балканот политичар кој извршил предавство или понудил размена на територии на сопствената држава последната година е кандидат за Нобелова награда за мир

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 10:22

Заев извини ама Вучиќ Тачи и Могерини за Нобелова награда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот чекор кон можна номинација на Тачи пишува “Данас” е неговата биографија под името “Нова држава и државник” која летово ќе биде промовирана во дел од западните главни градови.

Ако косовското прашање биде решено до пролет следната година големи се шансите претседателите на Косово и Србија Хашим Тачи и Александар Вучиќ но и Федерика Могерини како посредник во преговорите да бидат номинирани за Нобелова награда за мир пишува весникот “Данас” повикувајќи се на извори од меѓународните дипломатски кругови.

Автори на биографијата на Тачи се дипломатскиот уредник на британскиот “Тајмс” Роџер Бојс и долгогодишната новинарка Сузи Џегер додека предговорот го напишал поранешниот кандидат за претседател на САД Боб Дол кој се смета за еден од советниците на Доналд Трамп.

Според неофицијалните сознанија на “Данас” книгата досега е претставена во Лондон – Берлин – Париз и Виена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.