Тој изјави дека го разбира ставот на Русија, но над 80 проценти од македонските граѓани се за НАТО и тоа мора да се почитува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јануари, 2019 9:25

Заев : „Кога станав премиер, Македонија беше во кавга со сите наши пет соседи, сега сме супер

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Македонскиот премиер Зоран Заев, во синоќешното интервју за регионалната ТВ Н1, во емисијата Пресинг, изјави дека не очекува да ја добие Нобеловата награда за мир, додавајќи дека самата номинација е афирмација на Република Македонија.

Премиерот го објасни процесот на постигнувањето на Преспанскиот договор, уставните измени во Скопје и ратификацијата во Атина, на гледачите во регионот им објасни дека со Грција не се преговарало околу идентитетските прашања и дека останува националниот идентитет на Македонците како Македонци кои говорат македонски јазик, со своја традиција, историја.

Тој рече дека САД И земјите од ЕУ имале исто така пресудно влијание и одговорност за постигнувањето на договор со Грција.

– Грција ни го прифати правото на само изјаснување и никој тоа не може да го измени, дека јас сум Македонец, кој живее на ова територија – рече Заев, додавјќи дека „со тоа никој веќе неможе да ни го оспорува нашето право дека сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик.“
Тој со ова оцени дека „конечно имаме земја која никој не ја оспорава, за што се бореле нашите претци“.

„Кога станав премиер, Македонија беше во кавга со сите наши пет соседи, а веќе денес немаме отворени билатерални прашања со соседите, остана само прашањето за црквата, но и за тоа веќе се преземаат одредени чекори, изјави премиерот Зоран Заев.

– Еве сега по постигнатите договори со Бугарија и со Грција, на последниот министерски состанок на ЕУ, најголеми поборници за Македонија и за Албанија да добијат проектиран датум за почеток на преговорите, беа токму Бугарија и Грција – изјави Заев.

– Ние кон крајот на февруари ќе ја добиеме столицата во НАТО, а полноправно членство по ратификација во парламентите на земјите членки на НАТО, кон крајот на оваа или на почетокот на идната година – рече премиерот.

Тој додаде исто така дека поради членството во НАТО, Русија се спротивставува за постигнатиот договор со Грција. Рече дека Македонија сака добар однос со Русија и се надева дека ќе се унапреди тој однос.

– Западот е присутен во Македонија уште од поранешна Југославија, со милијарди евра помош, но одлуките ги носиме ние. Русија е наш пријател, како што ни се пријатели и САД и ЕУ, но ние ги носиме нашите одлуки. Русија е против проширувањето на НАТО и тука е проблемот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.