Со прифаќањето на амадманите на Села и Касами, според професорката Силјановска Заев грубо ги прекршил процедурите на Уставот

Објавил: Узунов Бобан | 9 јануари, 2019 9:21

Заев над Уставот, а коленичи пред Села и Касами

Фото/Текст извор: ©магазин

По прифаќањето на премиерот Зоран Заев на дел од амандманите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса кои беа услов нивните четворица пратеници да гласаат за уставните измени, обезбедени се потребните 80 гласови за имплементација на Договорот од Преспа. Професорката Силјановска на синоќешното интрервју за ТВ Алфа жестоко го критикуваше начинот на кој власта ја згази волјата на народот за време на референдумот и дека целиот процес е парадоксален од уставотворен аспект.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села вчера после средбата со Заев рече дека е задоволен од прифатеното, но конкретно не кажа дека ќе гласа за уставните измени.

Професорката Силјановска на синоќешното гостување на ТВ Алфа спомена дека преговорите на Заев со помалите албански партии се надвор од секоја логика и значат кршење на уставните процедури бидејќи амадманите се прифаќаат или одбиваат во Парламентот, а не на лидерски средби.

По прифаќањето на дел од амандманите на Алијансата за Албанците и на тетовското крило на Движењето Беса, нивните четворица пратеници ќе гласаат за промена на Уставот, со што се обезбедени потребните 80 гласови.

Заев рече дека промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и потоа се набројуваат сите етнички заедници.

Измени ќе претрпи и амандманот 36 кој се однесува за грижата за дијаспората. За Владата прифатлив е амандманот на Алијансата за Албанците со кој покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници. Според професорката Силјановска парадоксално е да се менува Преамбулата на Уставот со која ќе се тврди дека нашите претци се бореле за Северна Македонија што е историски фалсификат, а во членот 36 Републиката им гарантира права на борците кои се бореле за Македонија.

Во уставниот закон ќе се вметне и Косово, како петтата држава со која граничиме.

Собранието во 12 часот ја закажа седницата на која започнува третата финална фаза од донесувањето на уставните измени во Собранието.

На дневен ред се утврдување на Предлог амандманите 33,34,35 и 36 на Уставот на Република Македонија, нивно донесување и прогласување преку Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.