Доколку пратениците на ВМРО - ДПМНЕ одлучат да учествуваат на дебата за уставните амандмани, правно Премиерот Зоран Заев ќе му рапортира на пратеникот Никола Груевски

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 12:42

Заев на Груевски ќе му ги образложува уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Се уште не се знае дали пратениците на ВМРО – ДПМНЕ ќе учествуваат на дебата за уставните амандмани кои ги предложи Владата, а кои треба да се разгледуваат на Уставната комисија.

Но, доколку денеска се отвори дебата по четирите амандмани, може да се очекува жестока дебата на Комисијата за уставни прашања во наредните максимум определни десет дена.

Актуелниот и поранишниот претседател, Талат Џафери и Трајко Вељаноски ќе ги вкрстат копјата со свои аргументи. И двајцата имаат долгогодишно парламентарно искуство и вештини. Магистерот по одбрана ќе му се спротивстави на правникот Вељаноски.

Заменик на Џафери е Џеват Адеми, заменик на Вељаноски е Амди Бајрам.

Амандманите, како предлагач ќе ги образложи и брани премиерот Зоран Заев, но доколку дојде, ќе го слуша поранешниот премиер Никола Груевски, кој е член на Комисијата.

Комисијата инаку има претседател, шеснаесет члена и нивни заменици.

Членови освен претседателот и заменикот се: Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Мираковска, самка Ибраимовски, Лилјана Поповска, Сурија Рашиди, Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоиљковиќ, Стојан Миланов и Фадиљ Зендели.

Премиерот Зоран Заев вчера ги повика пратениците да ги поддржат измените доколку вистински се залагаат за влез во НАТО и ЕУ. Тој рече дека за време на дебатите во парламентот ќе се види дали е обезбедена двотретинска поддршка и дали мнозинството има обезбедено 80 пратенички гласа за да се менува Уставот.

За понеделник е закажана и десетдневна парламентарна дебата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести