Третата финална фаза од уставните измени започнува утре. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата. Заев „се надевал„ дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство а целиот процес ќе заврши до крајот на неделава.

Објавил: Едмонд Бекири | 8 јануари, 2019 20:13

Заев на „колена„ пред четирите пратеници на БЕСА и Алијансата за Албанците!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Доцна попладнево Заев прифатил дел од амандманите на Алијансата за Албанците и БЕСА кои беа услов за поддршка на уставните измени, во негов стил без дебата, без да го праша мнозинскиот македонскиот народ, без да се советува со опозицијата, без да побара од претседателот на Републиката.

Промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и се набројуваат сите заедници односно, „граѓаните на Македонија, Македонскиот народ, дел од Албанскиот народ, дел од Турскиот народ и дел од Влашкиот народ.

Претседателот на СДСМ, актуелен премиер го излажа своето семејство, своите роднини себе си и македонскиот народ. „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име, кажа сегашниот период во една прилика додека беше лидер на опозицијата“, рече Заев како опозиционер додека беснееше со хулиганите по Скопје

Со последните измени е повеќе од јасно  зошто во идниот македонски пасош беше наговестено дека наместо само Македонско државјанство како досега ќе стои  : Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија 

Лидерот на Алијансата Зијадин Села е задоволен од договореното но не одговари конкретно дали ќе гласаат за уставните измени. Тоа ќе се знае на чинот на гласање. Иако е јасно дека Заев клекнал токму  поради обезбедувањето на 2/3 мнозинство


За Владата прифатлив е амандманот кој се однесува на дијаспората и во него покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници. Прифатливо е и Косово да биде наведено како петта држава со кога граничиме. Формално правно во овој момент не може да се разговара албанскиот јазик да биде официјален јазик на целата територија а во однос на државјанството се уште темата е отворена. Сепак со вметнувањето на последни промени е повеќе од јасно дека „ЗА„ е забетонирано.


Деновиве ќе се одржат и неколку средби на работни групи на Владата и претставници на БЕСА на Касами. Нивните барања се совпаѓаат со оние на Алијансата.

Третата финална фаза од уставните измени започнува утре. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата. Заев „се надевал„ дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство а целиот процес ќе заврши до крајот на неделава.

Досега нема реакции и коментари на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавите на Заев, кој овие измени ги оправда со тоа ќто досега се имало чувството дека малцинствата биле само привремено во Македонија па со овој амандман се исправила неправдата, Заев не зборуваше за неправдата кој лично тој му ја нанесува на Македонскиот народ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.