Заев најмалку се праши дали би изгубил пратенички глас од одметнатите пратеници на Канческа Милевска, во прашање се и петте пратеници на Беса и Алијанса за Албанците

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 11:16

Заев нема 80 пратеници, планот “Б” се вика Мери Бирнс

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Власта бара опција “Б” за двотретинското мнзоинство за уставните измени, доколку се премислат дел од осумтте пратеника на ВМРО – ДПМНЕ што претходно го стиснаа зеленото копче во Собранието.

Дали притворот на Мијалков го стави под знак прашалник конечното гласање за кое е потребно најмалку 80 гласови?

Виси ли во воздух двотретинското мнозинство за уставните измени потребни за спроведување на Договорот од Преспа, по апсењето на поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков.

Ввласта веќе работи на евентуално ново мнозинство доколку дел од осумтте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ одлучат да не гласаат за уставните измени во третата фаза која според предвидената реализација на Договорот од Преспа треба да биде околу 20 јануари.

Иако овие шпекулации се обична фарса. Заев може да изгуби најмногу еден до два претенички гласови од таа групација, поголемиот страв е од четирите евентуално пет пратеници на Беса и Алијанса за Албанците.

Притоа никако да се одржи средба на телото за помирување за собраниските инциденти.

Независната пратеничка на ВМРО – ДПМНЕ Емилија Александрова вели дека обврските во Собранието го одложиле најавениот состанок. Без да открива детали изјави дека немаат проблеми и оти работат на текстот на законот со кој треба да бидат опфатени учесници од ланските инциденти. Најави дека од понеделник ќе има средба на телото на која ќе биде презентирана нацрт верзијата на Законот.

Партиски извори брифираат дека се чека промената на амбасадорската функција на скопско Кале, со што амбасадорката Мери Бирнс ќе треба да ја преземе функцијата на чадор.

На први декември е закажана седницата на која ќе се најдат уставните амандмани за кои се потребни 61 глас. Рокот за расправата за секој амандман поединечно е три дена.  По нивното изгласување ќе има јавна расправа која ќе трае пет дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.