"Грозјето не е од татко ми или дедо ми. Мора да се цени трудот на лозарите." - истакна вчера Заев во Кавадарци и излажа.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 11:14

Заев не ги убеди лозарите – од утре блокади низ Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лозарите и покрај средбата со премиерот Зоран Заев најавуваат нови протести иако ќе чекаат до понеделник кога би требало да се знае минималната откупна цена.

Заев истакна дека државата не може директно да интервенира во цените бидејќи така може да се наруши пазарниот принцип.

Здружението “Вина од Македонија” соопшти дека доколку ваквите закани се остварат тие ќе значат стопирање на годинешниот откуп на грозје што според нив ќе нанесе непоправлива штета на домашната винска индустрија но и на лозарството.

“Крајниот ефект од притисоците и заканите кон винарниците за зголемување на цените за откупеното грозје кои се повторуваат скоро секоја година и се далеку од каква било пазарна логика доведува до нивно финанско исцрпување и пропаѓање. Ваквата ситуација ќе значи дефинитивен крај на целокупната домашна винска индустрија и на лозарството затоа што без домашни винарници кои можат да ја издржат жестоката конкуренција на светскиот вински пазар ќе нема кој воопшто да го откупува грозјето.” – се вели во соопштението.

Моменталната миниминална цена на овие две сорти е 11 денари за смедеревката а 13 за вранецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...