Тој за медиумите изјави дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната „може многу да помогне во туризмот и угостителството“ и дека планот е да се контролира како во Амстердам.

Објавил: Перо Милчин | 20 ноември, 2020 20:43

ЗАЕВ ОТКРИ КАКО ЌЕ ЈА ПОДОБРИ ЕКОНОМИЈАТА: Ќе ја легализираме марихуаната, Скопје да биде како Амстердам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денес најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристички места, како дел од новиот пакет економски мерки за стимулирање на економијата.

Тој за медиумите изјави дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната „може многу да помогне во туризмот и угостителството“ и дека планот е да се контролира како во Амстердам.

„Идејата е марихуана да се консумира во туристички места, вклучително и во Скопје, во одредени кафулиња, да има одредени стандарди за вентилација и доказ за потеклото на марихуаната“, рече Заев.

„Верувам дека тоа може да донесе сериозен развој на угостителството и туризмот во една мала земја, имајќи ги предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други“, рече Заев.

Според него, тој план е под јавна расправа и доколку се покаже дека општото јавно мислење е позитивно, законот за тоа ќе биде подготвен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.