Заев негира дека има 81 пратенички мандат во поддршка а предвремените избори биле лоши за економијата, иако СДСМ ги бараше 4 пати по ред 2008 - 2011 - 2014 и 2016 година

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 12:56

Заев прв пат проговори за (п)откуп на пратенички гласови

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

За прв пат премиерот Заев проговори за (п)откуп на пратенички гласови, за кои јавноста но и пратениците зборуваат се погласно.

Гласот на пратениците ќе ја определи иднината на Македонија. Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, порача денеска премиерот Зоран Заев во врска со уставните измени кои што ги предложи Владата, а кои треба да влезат во собраниска процедура.

Според Заев, не треба да се изгубат месеци во нови избори, не треба да се изгуби ниту еден ден за државата. Да бидеме максимално фокусирани преку парламентот. Јавноста е заморена од избори, кои лошо влијаат и на економијата. – рече тој.

Во однос на тоад али ќе ја добијат и поддршката од опозициските пратеници, тој рече дека само во моментот на одлучување и на дебата во Собранието ќе може да се види дали постои поддршка.

Не може да се каже дали е обезбедено двотретинско сега, тоа ќе се види низ дебатите во Собрание. Јас разговарав лично со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отстранам шекулациите за пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен. – рече Заев.

Во однос на објавите дека се обезбедени 81 пратеник, премиерот вели дека процесот не е математика и бројки, туку ќе се посттигне преку разговор и мотивација за одговорност.

Сакам уште денес да има седница, ама никој не ме прашува ,тоа зависи пред се од претседателот на Собранието. Ако успее супер, ако не – нека ми каже некој што понатаму. Остануваат предвремни избори за обезбедување двотретинско мнозинство. Но, да се фокусираме на парламентот. На избори се знае кој ќе победи, но ќе изгубиме време, два три месеци, јавноста е заморена од избори. – порача Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести