Заев потврди дека Анѓушев лаже, па го осуди неговото однесување кон новинарите, но не и тендерите, за парите за ќерката на Димитров имаше коментар дека таа е сепак дете

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 12:07

Заев со осуда за однесувањето на Анѓушев кон новинарите, но не и тендерите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев го осуди однесување на вице-премиерот Кочо Анѓушев кон новинарите и фрлањето фломастер пред нив.

Очекува вицепремиерот да се извини и да не му се повтори. Заев вели новинарите не треба да го сфатат тоа како демонстрација на сила и моќ и обид за цензура.

„Како професор многу често го користи фломастерот како експликација при објаснување и се надевам дека и за тоа ќе продолжи да го користи. Нашата тенденција е да бидеме транспарентни до крај“, вели Зоран Заев.

Анѓушев пак во гостување на телевизија тврдеше дека немало никаков инцидент.

„Јас не би се согласил дека имало инцидент. Тоа беше брифинг на кој беа присутни дваесетина новинари  и двајца професори од градежен факултет и останати, а јас објаснував. Како што видов само еден новинар забележал инцидент, но јас не би се согласил дека имало инцидент “, вели  Кочо Анѓушев.

Според дел од новинарите кои вчера присуствуваа на брифингот со Анѓушев, на вицепремиерот не му се допаднала емисија за него и во знак на револт ноншалантно го фрлил фломастерот кон новинарите со кој цртал и објаснувал за автопатот Кичево – Охрид и со висок тон им рекол на новинарите дека претеруваат.

Ова не е прв инцидент на вицепремиерот со новинарите.

Претходно  на пуштањето во употреба на автоматот Демир Капија – Смоквица, Анѓушев го повика и новинарот на ТВ24 Владимир Тевчев на страна и „го искара“ за неговите прилози за комбинатот. И претседателката на „Транспаренси интернешанл“, Слаѓана Тасева, неодамна објави дека вицепремиерот и се заканувал поради обвинувањата за негова наводна вмешаност во продажбата на „Фени индустри“

Премиерот со коментар и за стипендијата од 40 000 долари која Владата и ја додели на ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Премиерот не гледа ништо неетично ж, затоа како што вели се работи за деца, а стипендијата била законски доделена.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ пак побараа од министерот или да ги врати парите или да си даде оставка и ја обвинија Владата за непотизам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести