Однесувањето на лекарот беше морално неприфатливо, потенцираат од институцијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 октомври, 2020 15:05

ГИНЕКОЛОГ СО ИЗМАМА НАПРАВИ 17 ДЕЦА: Кога на пациентите ја откриле вистината, било предоцна

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Холандски гинеколог им убризгал сперма на пациенти без нивно знаење и така станал татко на најмалку 17 деца, објави болницата „Исала“ во североисточниот град Зволе.

Однесувањето на лекарот беше морално неприфатливо, потенцираат од институцијата.

Во меѓувреме почина неименуваниот гинеколог.

Тој беше специјалист во таа болница помеѓу 1981 и 1993 година за вештачко оплодување со донирана сперма. Случајот е откриен кога дел од зачнатите деца, денес возрасни, започнале да откриваат кој е нивниот биолошки татко и кога ДНК примероците биле споредени со ДНК на лекарот на признатото дете.

Не е исклучена можноста лекарот да е татко на уште повеќе деца, соопштија од болницата.

„На родителите им беше препорачано да не шират информации за тоа“, се вели во соопштението.

Сличен случај ја шокираше Холандија пред неколку години кога беше откриен случајот на специјалистот Јан Карбат, кој оплоди многу пациенти со својата сперма и е татко на најмалку 49 деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.