петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Премиерот рече дека ќе се направат сите напори за да се постигне договор помеѓу двете пријателски земји и изрази подготвеност за договор за прашањето за Гоце Делчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 23:06

Заев: Спремен сум да се договорам со Бугарија, ќе најдеме решение и за Гоце Делчев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-Јас го почитувам и министерот Каракачанов, се е океј, тој доаѓа често во Македонија, сфаќам различни ставови, но обврска имаме сите да ги помогнеме овие процеси, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ.

Премиерот рече дека ќе се направат сите напори за да се постигне договор помеѓу двете пријателски земји и изрази подготвеност за договор за прашањето за Гоце Делчев.

– Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, следи четвртото поглавје и шестата историска личност, Гоце Делчев. Договорот не принудува да наоѓаме заеднички нешта што не спојуваат, рече Заев.
Тој додаде дека ако било кој постигне договор кој што една страна добива нема иднина, затоа ќе најдат решенија како што најдоа решенија и за другите големи прашања.

– Има архиви и овде и во Бугарија ќе седнеме ќе најдеме, важна историјата и таа треба да биде основа за иднината, ќе ги извадиме. Верувам дека во периодот кој претстои брзо ќе се најдат решенијата, јас сум благодарен што бугарската страна имаше трпение заради изборите. Ја испраќам пораката дека сме спремни веднаш да влеземе и низ поглавјето за Гоце Делчев да изградиме пријателство, истакна Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.