Министерот за надворешни работи на Македонија ги "измеша брзините", па јавно побара оставка од пратеникот Ферид Мухиќ, иако Мухиќ е тој што го бира Димитров а не обратно

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 9:17

Закани има, Димитров бара Мухиќ да си замине

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на македонската дипломатијата Никола Димитров му порачува на професорот Ферид Мухиќ да се повлече од пратеничкото столче ако не верува во договорот со Грција за името.

Ова е прв пример во 27 годишната политичка историја на плуларистичка Македонија извршната власт да повика на оставка на член на законодавниот дом.

Во видеото од најавата на емисијата “360 степени” на “Алсат М” министерот Никола Димитров на прашањето дали власта успеала да го врати Ферид Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција.

Со ова не само што министерот Димитров излезе од своите законски ингеренции туку и директно се закани на пратеник на Собранието на Македонија кој го бира него а не обратно, со што потврди дека на власта не и се потребни осум пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.

Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете. – изјавува Димитров во интервјуто.

Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.

Ова е пораката која Димитров му ја упати лично на пратеникот Ферид Мухиќ:

Па, можете да ја толкувате како сакате, ама прашањето не е споредно, прашањето е клучно за иднината на нашата татковина, прашањето е веројатно најважно прашање и политичка инвестиција на оваа влада, да најде решение, да го најде клучот од вратата од чекалната. Клучот го понудивме на граѓаните, сега го нудиме на пратениците, ќе видиме дали ќе дојде до предвремени избори. Не можете ова прашање да го толкувате туку така. Или ќе ја споделите одговорноста, или за вакво прашање ќе речете, јас се извинувам, меѓутоа ваков ми е ставот, не сакам да пречам. Преважно е прашњето, нема простор и нема луксуз за игра со ова прашање. – рече Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести