Стечајците кои ги исполнуваат условите согласно новото законско решение во рок од 30 дена треба да аплицираат во Агенцијата за вработување и да го остварат своето право.​

Објавил: Владо Марин | 30 јули, 2021 13:26

Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги повика сите стечајни работници кои ги исполнуваат условите предвидени во Законот за стечајци, да се пријават во Агенцијата за вработување, веднаш откако тој ќе стапи на сила.

Вчера, Собранието едногласно го изгласа Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата популарно наречен Закон за стечајци.

„Со новото законско решение, дополнителни 1100 стечајци ќе добиваат материјално обезбедување од  9.242 денари месечно. Од 2017 година досега го решивме статусот на 13.000 стечајци. Оваа Влада посветено работи за решавање на сите прашања и проблеми на граѓаните“, рече министерката Шахпаска во денешната изјава.

Стечајците кои ги исполнуваат условите согласно новото законско решение во рок од 30 дена треба да аплицираат во Агенцијата за вработување и да го остварат своето право.​

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести