Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

Објавил: Владо Марин | 14 јули, 2021 7:07

Уште 1.100 стечајци ќе добијат надомест до пензионирање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната 87-ма седница Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.

Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го  остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци.

Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

На оваа своја седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството.

Основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

Во предложените законски измени и дополнувања се вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини Владата до Собранието ќе го достави со европско знаменце.

На денешната седница Владата ги утврди и текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, во насока на постапување по препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот. Препораките од Извештајот на ГРЕКО се насочени кон зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста на вработените во јавниот сектор и институциите. Во таа насока е препораката која се однесува на одредбите од Законот за полиција за воспоставување објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на Биро за јавна безбедност, кои одговараат на потребите на таквата позиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести