Руфати по настапите за селекцијата до 19 години сега ќе биде дел селекција до 21 година и тој си избрал да игра за Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 19:22

Замислете има и такви што ја одбија Албанија да играат за Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку дена откако поранешниот член на “златната генерација” на македонската младинска репрезентација Бесир Демири објави дека во иднина ќе игра за Албанија има и такви што повикот од Албанија го одбиле за да играат за Македонија.

Таков пример е младинскиот репрезентативец Агрон Руфати кој го одбил западниот сосед за да продолжи да настапува во црвено жолтиот дрес.

Како што објави албанскиот портал “Вип Спорт” Руфати имал понуда да заигра за Албанија откако имаше извонредни настапи во новата суперталентирана генерација на Македонија до 19 години чиј првотимец е во генерацијата со Елиф Елмас – Димитар Митровски – Јани Атанасов – Дарко Чурлинов.

Руфати по настапите за селекцијата до 19 години сега ќе биде дел од младинската селекција до 21 година и тој си избрал да игра за Македонија.

Руфати е роден во Загреб моментно е член на хрватска Истра претходно беше дел од младинскиот погон на Динамо Загреб играше и за загрепска Локомотива а од летово е член на Истра.

„Швајцарија беше земја поради која албанските фудбалери ги одбиваа “црвено-црните” ама сега има и такви кои ги одбиваат за да играат за Македонија. Таков пример е Агрон Руфати 19-годишниот фудбалер со потекло од Гостивар кој не успеа да биде дел од две албански селекции а сега одби да игра за Албанија за да игра за Македонија. Всушност таткото на фудбалерот инсистирал неговиот син да продолжи да игра за Македонија” – пишува порталот.

Пред неколку дена поранешниот фудбалер на Вардар Демири објави дека прифатил да игра за Албанија и дека во процес е да му извадат пасош кај западниот сосед. Демири беше дел од македонската младинска селекција чиј стартер беше во целиот квалификациски циклус преку кој Македонија напиша историја со пласманот и настапот на Евро 2017 во Полска.

Два месеци по настапот на ЕП Демири со Вардар напиша клупска историја со пласманот во групната фаза во Лига Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...