Специјалното Јавно обвинителство во овој предмет има покането 191 сведок и има 5 .910 писмени докази а бара исклучување на јавноста за 7 од 1.000 бомби

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 15:05

Започнаа рочиштата за “Титаник”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк / фото: макфах.ком.мк

Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час заради како што рече потребите на обвинетата Гордан Јанкулоска која е доилка и најави дека секое рочиште ќе се спроведува во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

Откако почна денешното рочиште судијата Шабани најави дека ќе се презентираат аудио материјалите односно “бомбите” на што реагираа адвокатите од одбраната кои изнесоа низа тврдења дека се сомневаат во автентичноста на аудио материјалите бидејќи како што кажаа иако барале немаат добиено записник за нивното примопредавање од страна на СДСМ во СЈО како ни доказ дека при промопредавањето покрај ЦД бил предаден и хард диск од кој како што беше посоечно биле симнати аудиоматерјалите кои денеска треба да се презентираат како докази.

За одбраната е спорно дали во СЈО има овластени луѓе да вршат преснимување на аудио материјалите добиени од незаконското следење на комуникациите а како што кажаа и поднесокот што денеска беше доставен од СЈО со транскрипт на снимката од адуио материјалите не содржи ни наслов ни кога е даден ниту печат и потпис од добавувачот.

Тие побарале од СЈО да им бидат доставени докази за прислушуваните материјали кои како што кажаа се уште не им се дадени.

Одбраната и обвинетите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска изнесоа и повеќе други тврдења со кои како што велат им се кршат човековите права.

Еден од бранителите на обвинетите кажа дека е прекршен и Законот за заштита на приватноста што е донесен на 10-ти ноември 2015-та година со кој се предвидува до 30-ти ноември 2015-та година да истече рокот во кој СДСМ треба да ги предаде материјалите од нелегално прислушуваните разговори на СЈО а тие тоа како што посочи тоа го направиле дури на 30-ти декември 2015-та година.

Специјалното обвинителство во овој предмет има покането 191 сведок и има 5 .910 писмени докази. СЈО бара исклучување на јавноста за 7 од 1.000 бомби во “Титаник”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.