НЛБ Банка преку извршител ги испомеша фирмите на Јордан Камчев од кои ќе врши присилна наплата, не се работи за "Здравје Радово" туку за ЗК "Пелагонија" во Битола

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 10:12

“Здравје Радово” ќе куртули, ќе се плени имотот на ЗК “Пелагонија”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

НЛБ Банка води постапка за присилна наплата против Земјоделскиот комбинат Пелагонија, кој дел е во сопственост на Орка Холдинг, односно на Јордан Камчев.

Вчера беше објавено дека постапка за присилна наплата се води за млекарата „Здравје Радово”, но од НЛБ, тоа го демантираат и соопштуваат дека станува збор за ЗК “Пелагонија”.

Од НЛБ велат дека во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот ЗК “Пелагонија” го поседува во Друштвото за производство и трговија млекара „Здравје Радово”.

Во врска со текстот објавен во медиумитe, а во кој се споменува Друштвото за производство и трговија млекара „Здравје Радово“  ДОО увоз – извоз Скопје, го даваме следното објаснување:

НЛБ Банка АД Скопје во моментов не води никаква постапка за присилна наплата против Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз – извоз Скопје.

НЛБ Банка АД Скопје има започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија Акционерско друштво од Битола, а заради наплата на побарувања.

Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје.

НЛБ Банка дејствува согласно законските прописи и сите наши активности се насочени пред се кон заштита на интересите на нашите депоненти и интересите на Банката воопшто.

Како системска банка во Република Македонија, во рамки на нашите надлежности секогаш настојуваме да обезбедиме стабилност и примарна цел на Банката е нормално функционирање на компаниите. – велат од НЛБ.

Инаку како сопственици во млекарницата се јавуваат две фирми 99% се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1% поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК “Пелагонија” се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделески и контроверзната оф шор фирма „Ексико“, двајцата притворени за случајот „Империја“ на СЈО во кој се товарат за злосторничко здружување, оштетување и повластување на доверители, злоупотреба на службена положба, измама и перење пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести