На прес конференцијата Зеќири не кажа кои државни тајни ги оддал Милошоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 17:38

Зеќири ќе го тужи Милошоски за оддавање државна тајна – Милошоски со краток коментар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот и потпретседател на СДСМ – Мухамед Зеќири – соопшти дека ќе поднесе кривична пријава до пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија – Антонијо Милошоски и член на кабинетот на претседателот Иванов за оддавање државна тајна.

Зеќири изјави дека Милошоски нема безбедносен сертификат од 2015 година наваму и дека затоа не може да поседува или бара класифицирани информации кои ги барал од кабинетот на претседателот Иванов со што го прекршил Член 317 од Кривичниот законик и изнесе детали од Извештајот од лидерски средби одржани а кои биле класифицирани како државна тајна.

Антонијо Милошоски – пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија

Магазин.мк успеа да го добие Антонијо Милошоски – пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи кој изјави:

“Секако дека имам коментар. Барам парламентарното мнозинство да дозволи до комисијата за надворешни работи  да се достават сите класифицирани документи – конкретно поврзани со Договорот со Грција а кои се потребни за непречена работа – па пред почеток на комисиска расправа на ова тело ќе се види кој има а кој не безбедносен сертификат.”

Претходно Милошоски откри дека Талат Џафери пак го прекршил Деловникот за работа на законодавниот дом и дека издал усна наредба службите да не им ги достават класифицираните документи на пратениците – членови на комисијата кои поседуваат безбедносни сертификати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.