Добрината е повеќе од "Thanks" и "Goodbye".

Објавил: Македонка Димкин | 15 јули, 2018 21:17

Златно правило во Јапонија: Секогаш врати ја услугата без обзир на све.

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кога за првпат патувала во Јапонија, таа не можела да се ослободи од впечатокот дека сè е ефикасно и полно со моќ. Улиците биле чисти, возовите пристигнувале навремено, а луѓето биле тивки и љубезни, можеби малку ексцентрични, давајќи им посебен шарм. Никој не се враќа од оваа земја ист каков што беше.

Еве ги главните впечатоци на една новинарка.

Сè  враќа услуга, без оглед на се!

Во Јапонија, брзо се учи не само да прифати некоја услуга, туку и да се врати. Тоа не мора да биде ништо големо, но треба да покаже благодарност. Ако, на пример, некој ви помага да ставите нова софа во куќата (стан), тогаш за возврат купете му пијалоци.

Добрината е повеќе од “Thanks” и “Goodbye”.

Добрината и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако се распрашувате за некоја улица тие ќе ви ја покажат улицата, или пак случаен минувач со цртање на  мапа или ве однесе лично до каде треба да одите. Добрината во овој случај значи несебичност, а тоа значи дека:

Тие ги ставаат другите пред себеси.

Најдобар начин да им покажеме на другите колку е важно да ги ставите на прво место. Направете им малку отстапки, услуги. Во јапонските домови има дури и посебно место за седење на гости, што е речиси најубаво место во куќата.

Јапонија е архипелаг на 6.852 острови. Таа е десетта земја во светот по бројот на популација, со над 127 милиони луѓе. Проценките покажуваат дека 90% од населението се приврзаници на Будизмот или Шинтоизмот. Службениот и официјален јазик кој го говори 99% од населението е јапонскиот.

Никој од групата не исклучен.

Не постои такво нешто како да се оди на пијалок или на забава со само еден колешка или колега. Сите се покануваат! Значи нема непријатни моменти кога некои луѓе подоцна сфаќаат дека не биле повикани. Кога сите ќе се вклучат, нè учат да бидеме толерантни кон оние кои се различни од нас.

Јапонците знаат да слушаат.

Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса прво вие да го изразите своето мислење. Тие слушаат! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој ќе каже нешто порано. На овој начин ние стануваме потолерантни и помалку осудени од различни ставови и мислења. Без оглед на предметот, Јапонците се обидуваат да зборуваат мирно, а не да се расправаат и да ги наметнуваат сопствените погледи еден на друг.

Највисоката планина во Јапонија е Фуџи со 3.775 метри. Илјадници Јапонци и голем број туристи го преземаат овој потег секоја година. Периодот за искачување е многу краток и трае од почетокот на јули до крајот на август. Доколку се искачите на врвот ќе ја имате можноста да бидете сведоци на една величествена глетка.

Јапонците не се националисти.

Сите ние (помалку или повеќе) ја сакаме земјата од каде што доаѓаме. Но, безнадежно е да им се докаже на странците дека вашата земја е најубавата и најдобра во светот. Впрочем, не постои “најдоброто нешто на светот”.

“Ганбар” – стори најдобро што можеш.

Не постои соодветен превод за Ganbar. Многу луѓе се откажуваат од нешто кога ќе сфатат дека тоа бара многу време, пари и енергија, отколку што планирале. Во Јапонија се очекува дека секое нешто што сте го започнале – треба да го завршите го до крај.

Ветувањето треба да се исполни.

Јапонската книжевност почнува со два летописа (хроники). Овие две хроники се викаат Киги. Тие настанале во 8 в.н.е. Постарата хроника се вика коики, а помладата Нихонги. Хрониките се настанати по желба на царот Тен Му кој, всушност, со нивното составување сакал да го потврди потеклото на династијата од боговите. (Автор на двете хроники е О Но Јасумаро.)

Во Јапонија, кога некој нешто ви ветува, тој навистина тоа го мисли. И тоа не го заборава, без обзир на се. Тие ќе дојдат ако ветиле дека ќе дојдат, дури и кога надвор растура од дожд. Ако случајно не можат да дојдат, или ќе ве побараат да ви се извинат или ќе испратат некој друг наместо нив.

Јапонија има многу одговорни граѓани.

За време на Светското првенство во Бразил во 2014 година, јапонските навивачи ги изненадија сите кога на стадионот исчистија се позади себе. Ако имате дома имате забава, бидете сигурни дека секој ќе ви помогне да се исчисти и да се исперат садовите.

Јапонците се секогаш прецизни.

Една од првите лекции што како странец ќе научите во Јапонија е дека тие треба да бидат точни. Ова покажува почит кон другите и објаснува зошто сето тоа е сигурно и ефикасно во оваа земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.