Премиерот по обидот да ги убеди пратениците дека два пати АСНОМ во Преамбулата е исто што и правните акти кои ги брише, се согласи дека се во право, ама договорот бил битен

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 14:26

Знам дека не е исто проглас и одлуки на АСНОМ, ама договорот е побитен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По сите негирања од страна на Владата, ресорното министерство за правда и разно разни аналитичари, уставни пишувачи и толкувачи, и самиот премиер Заев конечно призна дека АСНОМ се брише од Уставот затоа што Преспанскиот договор е побитен.

Секако тоа го направи на посуптилен начин, како во салата каде се одвива денешната комисиска расправа за уставните измени, точно за амандманот 34 кој се однесува на Преамбулата имаше новинари.

Не се брише АСНОМ, ниту се создава нова држава. – реплицираше премиерот Зоран Заев комисиската расправа за уставните амандмани по говорите на пратениците од опозицијата и нивните искажани сомнежи дека со нацрт амандманите се брише македонсакта држава, историја и идентитетот.

По појанувањето дека Прогласот и одлуките на АСНОМ имаат дијаметрално спротивни правни вредности, затоа што првото е обично известување, а второто се правни акти, и премиерот призна.

АСНОМ и Крушевската Република се во суштината на борбата на државата. Знам дека не е исто да се кажат одлуките на АСНОМ и прогласот на АСНОМ, но треба да знаеме дека правиме договор и градиме пријателство со нашиот сосед. – рече Заев.

Тој уште еднаш повтори дека АСНОМ два пати ќе биде спомнат во Уставот и оти не станува збор за какво било бришење на историското наследство.

На ова од пратениците беше појаснето дека повторувањето на кратенката АСНОМ не амнестира бришењето на правните акти со што се негира создавањето на државата Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести