– Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада, рече Заев во емисијата „Утрински брифинг“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јануари, 2020 10:19

Зоран Заев поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот во заминување Зоран Заев денеска во гостувањето во емисијата Утрински Брифинг, изјави дека веќе ја потпишал оставката, по што се очекувало претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

– Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада, рече Заев во емисијата „Утрински брифинг“.

По „Пржинскиот договор“ и парламентарните избори во 2016 година, проследен со тежок период на политички превирања, вклучувајќи го и насилниот инцидент во Парламентот на 27 април, на 31 мај 2017 година, Зоран Заев беше избран за премиер на Република Македонија и го доби мандатот на граѓаните да ја предводи новата влада ориентирана кон реформи.

Заев во емисијата истакна дека доколку на изборите закажани за 12 април победи СДСМ, тој повторно ќе застане на чело на државата како премиер. Тој истакна дека очекува и целата постапка денеска да помине без проблеми, потсетувајќи дека праксата за формирање преодна влада е воспоставена уште во 2016 година на барање на СДСМ кои тогаш беа опозиција.

Постапката за формирање на техничката влада е следна. Денеска по констатирањето на оставката на премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери го известува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањето на новата влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.