Магазин.мк беше првиот медиум во Македонија кој ја сподели веста дека специјалниот советник на премиерот Заев за привлекување странски ивестиции Љубе Бошковски на Илинден пред “Монтана” се “степал”.
Имено после чествувањето на Илинден на Мечкин Камен за каде и има видео запис дека Бошковски беше пречекан со исвиркување – најголемиот дел од владините функционери тргнале кон хотелот “Монтана” на ручек.
Пред хотелот имало и голема врвулица народ – кој пешки – кој со коли – кои оделе кон градот Крушево. Според очевидец кој ни го пренесе настанот – кога еден човек со голф со прилепски регистарски таблички го здогледал “Брат” Љубе како излегува од владиното возило пред хотелот – почнал да му довикува: “Уааа Љубе – уааа предавник – за колку им се продаде на овие што те испратија во Хаг”.
Бошкоски не издржал на провокациите – видно изнервиран тргнал кон граѓанинот да се пресметува. Кога стигнал до возачкиот прозорец на голфот почнале жестоко да се караат – да си упатуваат пцовки и навреди – а за кратко кавгата кулминирала и во меѓусебна размена на по 3 – 4 тупаници.
Љубе го удрил возачот на голфот – но и тој не останал покус – го повлекол Љубе за сакото кон колата и му удрил неколку бокса во лицето и вратот. За да не настане поголем инцидент се погрижиле еден човек од придружбата на Љубе – како и совозачот на прилепчанецот – кои ги тргнале двајцата на страна – ги раздвоиле – по што Бошковски влегол во хотелот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.