Заменикот - помошник државен секретар на САД прво се сретна со Претседателот на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 15:44

Иванов: “Не прифаќам договор штетен за македонските национални интереси!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими Метју Палмер вршител на должноста заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија.

На средбата – како што соопштија од неговиот кабинет – тие разговарале за актуелните политички состојби во Република Македонија и за натамошно зацврстување – збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Иванов со Палмер се сретнаа и на 23-ти мај 2018 година кога Претседателот на Македонија побара прво да го добие Договорот за Република Илинденска Македонија па да може воопшто да помисли да разговара за него.

Македонскиот претседател изразил очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија за добрососедските односи и регионалната соработка.

“Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија уште во 2008-та година ги исполни условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во НАТО мисиите – заедно со земјите членки – Република Македонија го заслужува членството без дополнителни услови. 

Во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција – претседателот Иванов истакна дека не прифаќа Договор со кој се крши Уставот – Законите и се рушат државните институциите и претставува Договор кој е на штета на македонските национални интереси.” – соопштија од кабинетот на Иванов.

Палмер втор пат е на прием кај Иванов во рок од една година. Првиот пат прием имаше кога побара Иванов да даде свој став за тогаш “решението” за името познато и како политичкото фијаско на Заев – “Република Илинденска Македонија”.

По оваа средба високиот гостин од САД ќе се сретне со премиерот и претседател на СДСМ – Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.