Во него стои напишано дека ИВЗ е против прогласување на полицискиот час, и воедно потенцираат дека нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2020 22:23

ИВЗ со предупредување до Владата: Нема да ја откажеме молитвата за Бајрам!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Исламската верска заедница вечерва го објави писмото што го испратила до Владата на 18 мај.

Во писмото се вели дека ИВЗ е против прогласување на полицискиот час и исто така велат дека нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.

Иако многумина се надеваа дека продолжениот викенд за двата празници, Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, ќе го поминат некаде на викенд, сепак Владата одлучи граѓаните претстојните празници да ги поминат во карантин.

Имено пред малку и официјално е донесена одлуката за карантин кој ќе започне од сабота 19 часот, а ќе трае до вторник до 05. часот наутро.
Сепак донесена е одлука, недела и понеделник граѓаните да ги поминат во своите домови.

Имено ваквата одлука е донесена поради последниот случај кога поради не одржување социјална дистанца и семејни собири беа заболени 20 граѓани.

Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести