Мицковски повторно со критики за власта

Објавил: Узунов Бобан | 25 јули, 2019 9:50

Ивор Мицковски за борбата со лажните вести: Се покажавте колку сте објективни и транспарентни со рекетарскиот медиум !

Фото/Текст извор: ©магазин

Владата отвори фронт за борба  против лажните вести и дезинформации. Акциска група составена од сите релевантни институции меѓу кои се и безбедносните, ќе ги анализира и следи нападите од  лажни вести. Планот бил согласно препораките на ЕК, а Владата со легислатива ќе ја зајакнувала националната безбедност и сигурност.

На ова реагираше новинарот Ивор Мицковски кој преку фејсбук им порача на властите дека се покажале колку биле објективни прек рекетарскиот медиум. 

„Акциониот план освен што кажува дека имате намера да ловите вештерки, нема никакви детали или прецизности, барем обид да се биде внимателен кога се зборува за регулирање или контролирање на вести или информации.  Лажни вести имало и ќе има, тие подобро се победуваат на ниво на свест, со добро работење, отколку со некакви владини тела кои ќе следат и ќе одлучуваат што е вистина, а што не.  Премногу пати сте фатени во лага, па стратегијата денес ви е и мислењата и критиките да ги сместувате во фејк њуз, па потоа да водите ботовски хајки.  Понатаму, најголемите дезинформации излегуваат од влада која лошо комуницира, или која ги изневерила ветувањата за правда и праведност.
Така да, вие не средивте многу поважни работи, правите самите утки во информирање, имате огромни скандали на глава, се покажавте колку сте објективни и транспарентни со еден рекетарски медиум, и на се тоа, гледате решение во лов на вештерки.   Се ова личи на еден голем дефокус, средете се вие ако можете, па ќе регулирате и ќе кажувате што е реално, а што не“, напиша новинарот Ивор Мицковски на „Фејсбук“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести