Фејсбук статус на Ивор Мицковски

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 15:49

Ивор Мицковски контра Пројковски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ивор Мицковски го критикува Македонскиот Народен Театар преку статус на фејсбук. “Како ќе средиме нешто во државава, кога не можеме еден театар да средиме. Пројковски кој не е веќе директор, зимал сепак плата и фигурирал и како режисер и како уметнички директор. Имало плус криминал минимум 150К евра. Абе секој сака тука само да цица, да лапа, да краде, да лежи и плата да зима.
Ова директориве се убиле од јадење, се искинале за неполна година дена, ебале мајката на народни пари. Пратеницине, стискачи на копчиња, додека не отштракаат во некој екстремизам, и даље не ги средија патните трошоци. Имаме армија партиски, што советници, што директори, што клати врата земај плата, еј збориме за стотина илјади луѓе кои ништо не работат, ниту знаат, ниту сакаат. Па како бе мислите со ваква багра, со криминалци советници и директори, со вакви неработници, нешто ние да постигнеме. Како вие го мотивирате чесниот работник да остане чесен, или планирате само да го газите. А, ќе заборавев, битно тендерска коалиција фура, гајле нема, врти милиони. Ах, бе што му правите на овој човек тука, или говедо го правите или го газите ко црв. Мизерија жива.“ – вели Мицковски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.