Жестоки критики во јавноста за загрозениот статус на УНЕСКО

Објавил: Узунов Бобан | 15 јули, 2019 7:30

Ивор Мицковски: Нашиот сакан и храбар премиер им ветува на сопственици на дивоградби дека ќе ги легализира !

Фото/Текст извор: ©магазин

Познатиот новинар Ивор Мицковски кој важи за близок до левицата, повторно жестоко удри по власта во врска со неспособноста во справувањето со дивоградбите во Охрид и непочитувањето на препораките на УНЕСКО. 

Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид.

Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.

Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.

На се тоа, нашиот сакан и храбар премиер, им ветува на сопственици на дивоградби/хотели, дека ќе се погрижел да се легализира екочудовиштето.

Во Кочани, Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.

Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото. И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар екселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.

Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара. Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.

И ние сме биле хистерични…“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести