Бројот на загинати во Мариупол надмина 1.500 за 12 дена од нападот, соопшти кабинетот на градоначалникот. Гранатирањето ги принуди екипите да престанат со копање ровови за масовни гробници, така што „мртвите не се ни погребуваат“, рече градоначалникот.

Смртоносниот напад на породилиште во градот оваа недела предизвика меѓународен гнев и обвинувања за воени злосторства.

Животот во Мариупол под опсада, без вода, струја и храна

Животот во Мариупол под опсада, без вода, струја и храна
The code has been copied to your clipboard.

width px height px
Сподели на Фејсбук
Сподели на Твитер
The URL has been copied to your clipboard
No media source currently available

0:002:37
0:00
Директен линк
Украинските власти ја обвинија Русија дека со гранатирање од тешка артилерија оштетила болница за лекување на болни од рак и неколку станбени згради во јужниот град Миколаев. Главниот лекар на болницата, Максим Безносенко, рече дека неколку стотици пациенти биле во болница за време на нападот, но дека никој не загинал. Во нападот е оштетена зградата. Руските сили ги засилија нападите врз Миколаев, кој се наоѓа на 470 километри јужно од Киев, во обид да го опколат градот.

Објавил: Hristijan Ilievski | 12 март, 2022 12:52

Интензивни борби во близина на Киев, Зеленски вели Украина е на „пресвртна точка“

Фото/Текст извор: ©слободна европа

Северозападно од Киев во тек се борби, а руските сили се на 25 километри од центарот на градот. Украинското МНР објави дека е гранатирана џамија во Мариупол во која биле засолнети околу 80 луѓе, меѓу кои и турски државјани.

Борби беснеат северозападно од Киев на 12 март, а британското Министерство за одбрана соопшти дека најголемиот дел од руските копнени сили сега се наоѓаат на само 25 километри од центарот на украинската престолнина, додека истовремено со тенкови и артилерија се напаѓаат местата кои се веќе под опсада.

Сирените за воздушен напад се огласија во неколку украински градови рано денеска повикувајќи ги луѓето да бараат засолништа, објавија локалните медиуми. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе достигнала стратешка пресвртница“.

„Не е возможно е да се каже уште колку дена ќе ни требаат да ја ослободиме нашата земја. Но, можно е да се каже дека ќе го направиме тоа“, рече Зеленски во видео порака.

Вицепремиерката Ирина Верешчук рече дека се надева оти неколку хуманитарни коридори надвор од украинските градови и села, вклучително и од опколениот јужен пристанишен град Мариупол, ќе бидат отворени на 12 март за да можат цивилите да заминат.

Се надевам дека денот ќе помине добро, сите планирани рути ќе бидат отворени и Русија ќе ги исполни своите обврски за гарантирање на режимот за прекин на огнот“, рече Верешчук во видео обраќањето.

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што биле засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи денеска.

„Џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Роксолана (Хурем Султан) во Мариупол беше гранатирана од руските сили“, објави Министерството за надворешни работи на Твитер.

Повеќе од 80 возрасни и деца се кријат таму од гранатирањето, вклучително и државјани на Турција“, се наведува во објавата во која не е наведено дали има загинати или повредени луѓе.

Бројот на загинати во Мариупол надмина 1.500 за 12 дена од нападот, соопшти кабинетот на градоначалникот. Гранатирањето ги принуди екипите да престанат со копање ровови за масовни гробници, така што „мртвите не се ни погребуваат“, рече градоначалникот.

Смртоносниот напад на породилиште во градот оваа недела предизвика меѓународен гнев и обвинувања за воени злосторства.

Животот во Мариупол под опсада, без вода, струја и храна
Украинските власти ја обвинија Русија дека со гранатирање од тешка артилерија оштетила болница за лекување на болни од рак и неколку станбени згради во јужниот град Миколаев. Главниот лекар на болницата, Максим Безносенко, рече дека неколку стотици пациенти биле во болница за време на нападот, но дека никој не загинал.
 
Во нападот е оштетена зградата. Руските сили ги засилија нападите врз Миколаев, кој се наоѓа на 470 километри јужно од Киев, во обид да го опколат градот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.