АНКЕТА: Дали сте за тоа министерот Оливер Спасовски од морални причини да си поднесе оставка?

Објавил: Македонка Димкин | 21 февруари, 2019 16:37

ИНЦИДЕНТ: Тепал полицајка пред нејзините колеги и ја влечел по земја!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против 25-годишен скопјанец, кој на 13 февруари годинава тепал полицајка и ја влечел по земја откако таа, со уште тројца колеги, се обидела да провери оштетен автомобил во подземна гаража на улица „Анкарска“.

Како што соопшти обвинителството, од совозачката врата на возилото излегол обвинетиот, по што му било наредено на застане, но се обидел да избега, а полицајката за да го задржи го фатила со двете раце за нозете во делот на потколениците.

„Тој почнал да ја удира со нозете во пределот на главата и лицето и да ја влече по асфалтот, нанесувајќи и телесни повреди во вид на потрес, отворена рана на главата и нагмечување на главата“, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.

Обвинетиот се наоѓа во притвор и надлежен јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот. Обвинителниот предлог е за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

[yop_poll id=”14″]


Минатата година македонската јавност ја тресеше неофицијалната вест, дека полицјака добила шамари од внукот на Артан Груби.

При подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, Јаначковска била вербално нападната од сопственикот на возилото Б.А. се велеше во соопштението на МВР иако во јавноста се зборуваше за шамари. Иако полицјаката побарала медицинска помош подоцна таа тврдеше дека „ја удрил пајакот„

-Во текот на  вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници- рече Јаначковска.

На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска  објасни, дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа  при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ Св. Наум Охридски.

Министерот Спасовски и оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално, согласно нивните  законските овластувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...