Пред референдумски Владата на СДСМ и ДУИ за само 10 дена објави огромен број времени вработувања во најмалку 10 министерства или државни институции

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 6:39

И Владата ќе потроши половина милион евра за хонорарци?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Половина милион евра предвидено е да потроши Владата на Македонја за авторски хонорари. Склучен е годишен договор со Агенцијата за интелектуална сопственост “Артпицк” преку која ќе се префрлаат пари по разни основи. Потписник на договорот во име на Владата е генералниот секретар Драги Рашковски.

“Вредноста на договорот ќе се реализира во зависност од бројот на авторите што договорниот орган ќе има потреба да ги ангажира преку авторската агенција. Овој договор е за најмногу една година.” – пишува во тендерската документација.

Ова е  последен во низата договори што ги склучува државата за времено ангажирање луѓе. Претходно Јавното претпријатие Комунална хигиена преку Агенцијата за привремени вработувања “Мотиви” одвои 1 милион и 850 илјади евра за работници.

Само овој месец над 10 државни институции имаат објавено огласи за вработување и на определено и на неопределено. Во време на распишан референдум се нудат позиции на советници – соработници – помлади соработници и раководители. На листата вработувачи се Државниот архив – Министерствата за одбрана и образование како и Општина Центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.