Владата одлучи за посебна Прослава за годишнината од крајот на војната од 2001-ва година

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 7:14

И годишнината од Охридскиот Рамковен Договор со прослава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на 82-рата седница ја усвои информацијата за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот Договор во Охрид.

Во таа насока Владата го задолжила Секретаријатот за европски прашања да дефинира програма и технички детали за спроведување на програмата – како и да ги преземе сите други активности за организација и одбележување на овој настан.

Рамковниот договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија – потпишан по вооружениот конфликт на 13-ти август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија