Инаку, Кјара е ќерка на Хелена од првиот брак со адвокатот Арбен Гоља. Таа е актерка, модел и дизајнер, а неодамна се појави и во последниот спот на пејачот Филип Пешевски. Веќе неколку години живее во Нов Зеланд заедно со мајка си, нејзиниот сопруг Игор и нивниот двегодишен син Тиан. Пријателите често ѝ коментираат дека многу наликува на нејзината тетка, пејачката Ребека.

Објавил: Весна Петровска | 26 октомври, 2019 16:05

Ќерката на Хелена Розга стана вистинска УБАВИЦА – таа го живее својот СОН во нов Зеланд

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, Кјара, наполни 21 година. Таа роденденот го прослави со забава дома, заедно со семејството и многу пријатели. На роденденската журка беше и Роза, мајката на Хелена, која од Скопје дојде на Нов Зеланд. На забавата на Кјара доминираа црната и златната боја – балони, украси, роденденската торта… Па и таа избра црн краток фустан и сандали со циркони. „Наполни 21 година“, се пофали Хелена на социјалните мрежи.

Инаку, Кјара е ќерка на Хелена од првиот брак со адвокатот Арбен Гоља. Таа е актерка, модел и дизајнер, а неодамна се појави и во последниот спот на пејачот Филип Пешевски. Веќе неколку години живее во Нов Зеланд заедно со мајка си, нејзиниот сопруг Игор и нивниот двегодишен син Тиан. Пријателите често ѝ коментираат дека многу наликува на нејзината тетка, пејачката Ребека.

Таа го прослави својот 21. роденден

Хелена неодамна дојде во својата татковина и таа заклучи дека во Македонија ништо не е сменето.

-По три години колку што не е дома, Хелена со жалење заклучува дека ништо не е сменето. „Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“.

Пред да замине од Македонија, Хелена освен како Тв лице беше позната и по провокативните фотосесии. Најгледанана и најкоментирана беше нејзината точка на стриптиз во шоуто „Јас имам талент“ кое во 2009 го изведе во студиото на „Тв Пинк“ во Белград. По тој настап, дел од јавноста почна да ја нарекува старлета, коментар на кој Роза секогаш се лутеше и остро реагираше.

„За жал луѓето не ме нарекуваат старлета туку до сега само двајца новинари, поточно еден. А тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода. За жал во Македонија атрактивноста и сексапилот се сериозна мана“, раскажа водителката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.