И хрватската претседателка, Грабар Китаровиќ, со видео порака, агирираше за референдумот за промена на името, иако од Хрватска за 5 години и се иселија над 700.000 Хрвати

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 9:35

И Грабар – Китаровиќ агитираше за референдумот, но зошто на англиски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И претседателката на најмладата земја членка на Европската Унија, Хрватска, од која за последните пет години се иселија над 700.000 државјани, со видео обраќање за поддршка на референдумот на англиски јазик, иако и Хрватскиот е официјален во ЕУ.

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео обраќање упати порака до македонските граѓани, при што вели дека одлуката може да придонесе кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа.

“Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.” – наведува хрватската претседателка во пораката.

Грабар Китаровиќ додава и дека македонските граѓани се исправени пред важен предизвик за кој одлуката е нивна.

“Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори.” – вели претседателката на Хрватска во видео обраќањето.

Претходно, со видео порака на македонските граѓани се обрати и францускиот претседател, Емануел Макрон.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести