Преку ревизија на Македонската историја, Грција и Бугарите ни ги крадат националните херои, настани и обележја, а согласно Договорите, ние тоа мораме да го премолчиме

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 10:21

И грчките историчари ќе ни ја бришат историјата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во почетокот на ноември се предвидува да се одржи првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти што го формираа Македонија и Грција, како обврска од Договорот од Преспа.

Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим, изјави дека таа треба да се случи на крајот од оваа недела во Солун, може да трае еден или два дена и на неа треба да се утврди динамиката на средбите, како и да стане збор за рамката на разговорите.

Пред оваа, како што рече, прeтстои воведна средба со неговиот грчки пандан, заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.

Предвидено е овој комитет да ги проучи учебниците, а ќе дефинира и временски рамки, за да се осигура дека во секоја од страните од идната година, односно една година од потпишувањето на Договорот, не се користи ниту еден учебник или помошен материјал кој содржи каков било иредентизам.

Согласно член 8 став 5 од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција.

Комитетот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а извештај за својата работа треба да поднесува пред Советот за соработка на високо ниво, ново тело чие формирање е исто така обврска со Договорот, а со кое ќе раководат премиерите на двете земји.

Одредбата прецизно дефинира дека Комитетот ќе разгледува и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. Комитетот, исто така, ќе ги проучува и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Ова тело, формирано на паритетна основа, има по седум члена од македонска и од грчка страна, согласно членот осум, став пет од Договорот за името, ќе треба да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно-издржани историски извори. – истакна Габер.

Габер појаснува дека станува збор за обемен материјал од грчки и македонски учебници, кои треба да се прегледаат во насока на промена на начинот на гледање на историјата кај новите генерации, за да не бидат опседнати од атавизми, стереотипни гледања на историските нстани, да се избегне анимозитет.

Точно е дека имало и тешки и болни моменти во историјата, но тие не смеат да бидат пречка за да одиме напред, туку мораме да ги објасниме и на новите генерации да им бидат достапни на начин што нема да предизвикува нови болни моменти. Не можеме, во овој регион, особено сега кога одиме кон ЕУ, да продолжиме да живееме на начин како порано, мора да соработуваме, мора да се движиме напред и мора да им помогнеме на новите генерации, да не бидат опседнати како што биле мојот дедо, татко, јас. Факт е дека и кај нив во нивните учебници, и кај нас во нашите учебници има елементи кои што предизвикувале одредени непријатни чувства кај другата страна и ги притискле новите генерација. – вели Габер.

На прашањето кои се темите кои се очекува да предизвикаат најмногу полемика, Габер вели, постојат неколку елементи во нашата и нивната историја што се болни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести