Секој глас е битен, секој се брои, особено на оние кои ќе гласаат на 29 септември, болните и изнемоштени но и затворениците, па СДСМ и нив им подели маички за Северна Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 14:43

И затворениците “За” Северна, и намалени казни и слободни викенди …

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во моменти кога се бројат и часови пред претстојниот референдум на кој секој глас на Заев му е битен, иако веќе ни самиот не верува во успех, па најави отворање на Уставот со парламентарно 2/3 мнозинство кое го нема, во кампањата се вовлечени сите.

Откако јавноста реагираше за користење за користење на малолетници, постари лица, па и јавни прозивки од страна на Заев до бизнис заедницата да врши присилба за гласање со финансиска “стимулација”, премиерот не ги заборави и оние кои први гласаат.

На фотографијата според непотврдени информации се Рубинчо Здравески, осуден за свирепо убиство на колега полицаец, Филип Павлоски, осуден за трговија со хероин, Дарко Велковски долгогодишен затвореник за тешки кражби и трговија со дрога, Деан Николоски, осуден за убиство.

Така вчера на социјалните мрежи осамна фотографија од осуденици од казнено поправниот дом во Прилеп. 

Пригодно сите облечени во маички “За европска Македонија” агитирајќи за успешен референдум.

Најверојатно, традиционално им се ветени повеќе слободни денови и викенди и намалување на изречените казни затвор.

Ќе понесе ли министерката за правда, Рената Дескоска одговорност што затворениците кои не смеат да имаат мобилни уреди јавно агирираат во корист на власта и претстојниот референдум?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.