Хенри Кисинџер можен главен организатор на руското влијание во кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 7:16

И Кисинџер е обвинет дека е дел од рускиот заговор за доаѓање на Трамп на власт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хенри Кисинџер патријархот на американската надворешна политика човекот кого во оваа обалст го сметаат за еден од најмудрите личности на светот и човек кого никако не го сакате за противник се најде на удар на хистеричната антитрамповска медиумска камапња.

Кисинџер е прогласен за творец на најстрашното злосторство во американската политика заговорот на Кремљ и Доналд Трамп.

Агенцијата Блумберг објавила скандлозна истрага во која се тврди дека токму Кисинџер бил човекот околу кого се собрале учесниците во “рускиот заговор”.

Кисинџер е тој што ги собрал и споил Доналд Трамп и Џаред Кушнер [ неговиот зет ] со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак и Марија Бутина уапсена неодамна во САД за шпионажа.

Хенри Кисинџер наздравува со претседателот на САД Ричард Никсон додека во позадина е Леонид Брежњев кој ја водеше СССР за време на комунистичкиот режим од 1964 до 1982 година.

Да удриш на Кисинџер досега беше незамислива работа но овој спин на Блумберг покажува колку ја има зафатено беснило т.н антитрамповска елита.

Кисинџер е човекот за кого се смета дека е творец на стратегијата која подразбираше приближување на САД под водство на Никсон со тогашна Кина за да ја отргне од евентуалната можност таа да ги затопли страшно нарушените односи со СССР.

Оттогаш тој се смета за неприкосновен ум во сферата на политиката.

“Односите на Кушнер со групата поврзана со Русија почнаа од Кисинџеровиот ручек.” – наведуваат американски новинари.

Повикувајќи се на сопствени информации Блумберг соопштува дека во март 2016-та година зетот на Трамп добил официјална покана за ручек од Центарот за национални интереси [ аналитички центар кој се залага за прагматично конструктивни односи со Русија ].

На тој состанок одржан во Тајм Ворнер центарот на Менхетен Кушнер наводно го запознале со Кисинџер кој на ручекот присуствувал како почесен претседател на Центарот.

Кушнер се запознал и со Димитриј Сајмсом раководител на Центарот со кого подоцна бил организарана програмата за надворешно политичкиот настап на Трамп во кампањата.

Инаку Кисинџер не е ниту републиканец ниту демократ а е близок со семејството Клинтонови со кои заедно минувале низа зими во вилата во Домениканската Република.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.