Тој беше номиниран од Кристијан Тибринг-Гjеде, десничарски пратеник во норвешкиот парламент.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 16:26

ТРАМП ПРЕДЛОЖЕН ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР: Номинацијата стигна од регионот во кој САД не се меша!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Index.hr

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир, објави „Фокс њуз“.

Тој беше номиниран од Кристијан Тибринг-Гjеде, десничарски пратеник во норвешкиот парламент.

Трамп беше вклучен во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати во август.

„Мислам дека тој се обиде повеќе да создаде мир меѓу народите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир“, рече норвешкиот парламентарец, кој исто така е претседател на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

За потсетување, во август годинава Израел и Обединетите Арапски Емирати се договорија да воспостават целосна дипломатска врска, како дел од посредничкиот договор на САД, што всушност беше трет мировен договор кој Израел го има направено со арапска држава од неговата независност во 1948 година.

Американскиот претседател, тогаш беше присутен во постигнувањето договор, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и принцот на Обединетите Арапски Емирати Мухамед ал Нахјан. Договорот беше наречен историски исчекор а се очекува да го зголеми мирот на Блискиот Исток.

„Мразот е пробиен, очекувам повеќе арапски и муслимански држави да го следат лидерството на Обединетите Арапски Емирати“, истакна тогаш Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.