Според Венецијанската комисија и одлуката на електоратот за "бојкотирам" се смета за глас даден "против"

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 6:27

И министерот Манчевски “плаши мали деца” за немањето цензус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во своето гостување на телевизија “Алфа” во “Отвореното студио” уште еднаш по кој знае кој пат го потврди ставот на власта дека доколку граѓаните се одлучат да бојкотираат односно не се исполни цензуост институциите ќе одлучуваат во име на граѓаните.

“Било и кое да е прашањето. Прашањето да беше дали сте Македонија да се укине поради тоа што така вика СДСМ треба да има над 50 проценти излезени и од нив 50 плус 1 да се “за”. Ако нема значи нема одлука. Нема одлука ни “за” нема одлука ни “против”. Значи граѓаните решиле да не донесат одлука на референдум во однос на ова прашање. Што не ги ограничува другите институции да одлучат. Ако граѓаните сакаат сами да одлучат треба да излезат и да гласаат за ова прашање што е од најголемо суштинска важност за нив ако не сакаат може да си останат дома и да дозволат институциите да одлучат место нив.” – вели Манчевски.

Министерот Манчевски само не појасни како планира институцијата Собрание на Република Македонија каде власта на СДСМ и ДУИ со пропратните т.н. независни пратеници има минус 10 пратенички мандати за потребното 2/3 мнозинство од 81 пратенички глас потребен по Устав за да се имплементира Договорот од Грција или познат во јавноста и ако Договор за промена на името?

Или и овој пат Талат Џафери нелегитимен во својот избор ќе се погрижи повторно да се прекрши Деловникот за работна на парламентот и Уставот на Македонија со насилство врз демократските вредности на општествениот систем во кој живееме? Кого сакаше Манчевски да исплаши со фрази кои не значат ништо?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести