Денеска повторно ја имам честа како министер за внатрешни работи да го прогласам за отворен Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители, изјави министерот Оливер Спасовски.
Еден ваков чин, на спортско-меморијална манифестација, преку кој повторно го оживуваме споменот на нашите колеги и пријатели кои ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината, а тоа е човечкиот живот, има благородна цел – дава можност не само за другарување и натпреварување, туку и да ја изразиме нашата благодарност кон нашите херои и огромната почит кон семејствата на загинатите бранители.
На сите учесници на турнирот им посакувам успех и добри резултати, со уверување дека оваа манифестација и во годините што се пред нас ќе ја оправдува својата целисходност и мотив, како што тоа досега беше случај, истакна Спасовски на отворањето!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.