При посетата на еврокомесарот Јоханес Хан на спомен куќата на претседателот Киро Глигоров во Штип, доби лекција од една реченица испишана на ѕидот, "Македонија е се што имаме"

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 6:55

И покоен Глигоров му одржа лекција на Хан во Штип

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Еврокомесарот за прошурување и соработка на ЕУ, Јоханес Хан, на покана на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, ја посети и спомен куќата на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Во низата фотографии од посетата на Хан кој беше придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогр, има една реченица од поранешниот претседател Киро Глигоров која делува моќно и како одговор на се што сега неговите сопартијци прават за да ја нема Македонија.

Градоначалникот Бочварски иако исто така ја постираше, не ја коментираше, само ја појасни посетата на Хан.

“Ми беше чест денеска да бидам домаќин на Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Заедно со Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар присуствуваа на дебата со граѓани на Општина Штип која се одржа во ОМЦ “Киро Глигоров”. 

Воедно ја посетивме спомен собата на Претседателот Глигоров, а Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, од мене доби подарок плакета во знак на благодарност за неговата поддршка која ја дава на Република Македонија.”

Можеби реченицата на Глигоров и изразот на лицето на Хан повеќе говорат од можностите на СДСМ да си ги препознае вредностите на сопствените државници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.