Министерот Филипче на извршниот директор Филипче му дава лекови со краток рок на важност за потоа министерстовото да исплати нивно уништување

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 13:42

И Филипче имал невладина и донирал лекови со краток рок на употреба?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот Венко Филипче го започна мандатот со многу ветувања но за оваа половина година откако е на чело на Здравство понуди многу афери разочарувања.

Граѓаните не ги добија ветените здравствени услуги но министерот за здравство подели многу тендери а не го запостави ниту својот бизнис.

Филипче е директор на невладината “PHM – CEE” регистрирана кон средината на 2015-та година.

Преку неа се правеле донации по неполна година од формирањето и тоа во вредност од околу 900 илјади долари.

Постојат сомнежи дека истото се прави и сега кога тој е министер само сега на лекови со краток рок на важност.

Лековите кои се пред истекот на рокот фирмите обично им ги донираат на невладини затоа што во тој случај нивното уништување не го плаќа производителот туку Министерството за здравство. Со други зборови некој се богати заради тоа што наместо компанијата производител производите се уништуваат на сметка на граѓаните.

Невладината организација на која е директор Филипче “PHM – CEE”  е со седиште во државава и како што стои на интернет старницата “фокусирана е на економските – социјалните [ здравствени и судски ] и потреби на владите во земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Заедницата на Независни Држави.

Практично освен што работи во државите во Централна и Источна Европа работи и во 11 земји поранешни советски републики кои се дел од Заедницата на Независни Држави односно има дозвола да работи и во Ерменија – Азербејџан – Белорусија – Грузија – Казахстан – Киргистан – Молдавија – Русија – Таџикистан – Узбекистан и Туркемистан кој го прекинал членството во ЗНД во 2005 година и сега е само држава која соработува со Заедницата.

По неполна година од регистрација на невладинатана истата веќе и се одобрени околу 900 илјади долари. Овие средства невладината ги добила за да ги донира за лекови канцерогени болести, поточно да бидат дадени на универзитетскиот оддел на Клиниката за онкологија.

Практично по неполна година од формирањето невладината го најавила својот прв проект Доставување на лекови и антибиотици за канцерогени заболувања кои се наменети за Универзитетскиот оддел при Клиниката за онкологија во Скопје.

Невладината на Филипче ова го добива работејќи со “Direct Relief” организација за хуманирарна помош од САД и обезбедува хемотераписки лекови и антибиотици во февруари 2016 година.

“Финансиското оптоварување на денешните современи третмани на ракот е предизвик за луѓето ширум светот. Работевме со универзитетскиот оддел за онкологија во болницата во Скопје и “Direct Relief” за да ги донесеме во Македонија заедничките придобивки од намалување на трошоците и поголем пристап до лековите кои спасуваат животи.” – рече Венко Филипче извршен директор на “PHM – CEE” се вели во тогашното соопштение за јавност објавено од невладината.

Тој информира дека “се донесени лекови и обезбедена е грижа за стотици пациенти во вредност од околу 890.000 американски долари”.

Разбирлива е добрата намера да им се помогне на болните од рак но она што зачудува е сумата која и е доделена на невладина која не постои ниту една година. И тоа ни помалку ни повеќе за донација нешто помалку од милион долари на невладина која постои неколку месеци или ја нема во регисатрот на невладини ни една година.

Очигледно Филипче продолжува со “хуманитарната”мисија и сега откако е министер. Имено упатени велат постои простор за сомнеж дека оваа невладина организација сега е вклучена во донација на лекови со краток рок на важност. Или постои сомнеж дека невладината е вклученасега во “зделка” со инсулин. Имено на граѓаните поточно на пациентите болни од дијабетес минатата недела им бил поделен инсулин чиј рок изминува за петнаесетина дена а тие треба да го користат до октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.