Поранешни амбасадори во Македонија делат совети како Заев да го изведе референдумот на прав пат

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 13:43

И Фуере “домашниот” миленик на Шекеринска “за”ново име

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија се враќаат “старите” дипломати во поддршка на Заев за успешно спроведување на Референдумот за промена на името и националниот идентитет.

Меѓу нив секако е и поранешниот амбасадор на ЕУ и активен учесник во т.н. Шарена револуција – Ерван Фуере за кој е познато дека има одлични приватни контакти со министерката за одбрана Шекеринска а јасен и отворен негативен став кон ВМРО – ДПМНЕ но и претседателот Иванов.

Фуере за претстојниот референдум за промена на името истакнува:

“Во услови кога е закажан датумот за одржување на референдумот за договорот меѓу Грција и Македонија чија цел е решавање на долготрајниот спор меѓу двете земји за името Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев во овие неколку недели колку што останаа до гласањето ќе треба да почне голема информативна кампања.” изјави поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Евран Фуере.

Но и советува иако не е на списокот советници на Заев:

“Инклузивната јавна дебата на национално и на локално ниво ќе биде од суштинско значење за на граѓаните да им се обезбедат сите потребни информации врз основа на кои тие би донеле одлука дали да ги прифатат условите од договорот или не. А времето е кратко. Ако Владата одлучи да одговори на обвинувањата дека и недостигала транспарентност во водењето на преговорите кои доведоа до договорот преостанатото време таа мора да го искористи добро да ги употреби сите ресурси што и се на располагање за да почне дебата низ целата земја.” – советува Фуере.

По огласувањето на поранешниот евроамбасадор во Македонија во пакет се очекува да се јави и поранешната амбасадорка на Кралството Холандија Симоне Филипини чија земја е една од 10-те во светот кои одбиваат да не именуваат по Уставното име – Република Македонија – без посебни причини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.