Вечниот титов "комунист", човекот кој ја "закрпи" Македонија за милионче од Тајван, писателот за античка Македонија, Александар и Букефал, сега ќе гласа за Северна Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 13:04

И Циле интернационале, титовиот пионер, со поддршка за референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И вечниот претседател на МОК, претседател на титовата (0)младина и вечен комунист, Циле интернационале, Васил Тупурковски со поддршка за Северна.

Договорот за името треба да го прифатиме како единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме. – Пофесорот по меѓународно право, основач и претседател на поранешната партија Демократска алтернатив и актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски.

Васил Тупурковски (познат и под прекарот Циле) е роден во Скопје на 8 април 1951 и е професор по меѓународно право, основач и претседател на поранешната политичка партија Демократската алтернатива, долгогдишен и актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет. Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право,

Тупурковски не и не непознат на јавноста за своите контрадикторни ставови.

Пред 27 години имавме сосема прифатлив предлог за решавање на проблемите во македонско – грчките односи. Шансата не ја искористивме. Сега Македонија и Грција создадоа заемно прифатливо решение. Да бидеме реални, ова решение е полошо, но после 27 години е единствено реално и евентуално подоброто нема да биде пронајдено после нови децении на трагање заедно со нови жртвувани генерации. Значи треба да го прифатиме договорот помеѓу двете земји. – посочува Тупурковски.

Васил бил претседател на Сојуз на Социјалистичка Младија на Југославија – ССМЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ, член на Претседателството ЦК СКЈ – Сојуз на Комунисти на Југославија и на ЦК СКМ – Сојуз на Комунисти на Македонија. Тупурковски е актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет веќе 27 години, како и претседател на Асоцијацијата на балканските национални олимписки комитети и директор на Агенцијата за обнова и развој.

Изнесувајќи го својот став за референдумот и Договорот од Преспа укажува и на важноста од почитување на поддршката што меѓународната заедница ја дава за Договорот во контекст на неговото значење за двете засегнати земји и за геострашките интереси.

Во овој договор е вклучена и меѓународната заедница за чии вредности е определено големото мнозинство на македонскиот народ и останатите граѓани на Република Македонија. Решението што го поддржува меѓународната заедница покрај за македонско – грчките интереси, води сметка како за геополитичките регионални интереси, така и за геостратешките. Сите фактори во Македонија треба ова да го почитуваат и да го прифатат како сосема реално со што ќе дадеме и свој придонес кон стабилноста и мирот. – посочува Тупурковски.

За жал, според него, подолго време постојат политички фактори кои трагично го делат нашиот народ, но, вели, најголемата придобивка од референдумот треба да биде постигнувањето единство.

Иако и во овој момент на референдумско одлучување не се дозволува да се приближиме, не можеме како општество, семејства и граѓани да не се зближуваме. Патриоти се само оние кои го подобруваат нашиот живот. А предавници не се оние што мислат поинаку. На 30 септември нема да водиме партиски борби. Всушност, ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме. – вели Васил Тупурковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести