Министерот Ќахил говори како од август членови на неговото семејство и тој лично се предмет на уцени по живот, за кои ресорното министерство молчи и не презема ништо

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 6:27

Каде сте ти и брат ти Аднан, доаѓам со пиштол ќе ве испукам сите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во владата на Заев, скоро и да нема министер кој додека бил на функција не добил закани по живот, иако министерот Спасовси никогаш не ја информирал јавноста за тоа.

Министерот без ресор, Аднан Ќахил, ја започна својата приказна во интервју за ТВ21 со тоа дека е исклучен од неговата партија што ја формирал Движење на Турците во Македонија, иако бил нејзин почесен претседател.

Вели дека причината за ова е поинаква, од онаа што ја пласира неговата партија,  дека министерот Ќахил е под истрага за злоупотреба на должноста.

Ќахил раскажува дека во август пријавил три лица во полиција, а доставил и докази дека тој и членови на неговото семејство се под закани по живот и уцени од неколку луѓе. Но и покрај неговата пријава, Ќахил вели дека осомничените кои ги обвинил за оваа дело, се пуштени на слобода од органите на редот.

Имаше закани на мои братучеди на телефон. Кај брат ми исто така. Каде сте ти и брат ти Аднан, доаѓам со пиштол ќе ве испукам сите. – вели Ќахил.

Министерот Аднан Ќахил, овие обвинувања ги поврза со политички реваншизам од неговите сопартијци, велејќи дека нивниот обид, за преку социјалните мрежи да го отстранат од министерското столче, ќе биде залуден.

Инаку, директорот на Финансиската полиција, Арафат Мухамери, во гостување во ТВ 21, рече дека еден министер е под истрага, но Ќахил вели дека тој е „погрешната адреса“, со оглед на тоа што никогаш не го прашале за можно сомневање околу работата што ја врши како министер.

Партијата која ја основаше Ќахил бара министерот од кабинетот на Заев да се разреши од функција, но Ќахил со став дека за вакво нешто не одлучува неговата партија, која го исклучи од членството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести