За пратеникот Димков не е јасно како тој нема да биде Македонец, а дедо му Крсте и баба Елена кои останаа во Пожарско, Егејска Македонија ќе можат да бидат Македонци ама Грчки

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 14:41

Кажете им на луѓето дека ние не сме веќе Македонија а тие не се Македонци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Членовите на Комисијата за уставни прашања од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, ги разобличуваат лагите за суштината на уставните измени.

Колку повеќе се трудите да кажете или да одбраните нешто, а не можете, уште повеќе навлегувате и заглавувате во калта. – реплицираше пратеникот Трајчо Димков во Комисијата за Уставни промени.

Димков запраша: Јас сум Македонец, моите се по потекло од Егејска Македонија и сега дедо ми Крсте и баба Елена кои останаа во Пожарско и живеат таму се Македонци? А, јас тука нема да бидам Македонец?

Кажете им на луѓето дека ние не сме повеќе Република Македонија и оваа држава повеќе не постои. Тоа треба да им го кажете. И за јазик и за се. Ја бришете целата историја македонска. Значи се што е македонско со таа спогодба, а тоа не е договор туку е спогодба се досега што направивте е незаконски и неправно. Значи треба да знаат граѓаните, ние посочувавме, многу пати им кажавме дека со оваа спогодба се ништи македонизмот. Се ништи Македонија, не постоиме повеќе. – нагласи Димков.

Димков потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ е првата политичка партија која кажа дека сака влез во ЕУ и НАТО, додека СДСМ се уште беше за Титова Југославија во тој период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести