АВМУ: Половина рекламно време во кампањата „за“, половина „против“ референдумското прашање

Објавил: admin@magazin | 18 август, 2018 8:30

Како и на кој начин ќе се рекламираат учесниците на референдумот?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Радијата и телевизииите ќе може да одвојат 9 минути за јавна пропаганда за референдумот, во еден час емитувана програма. Во тој период мора да бидат испочитувани начелата за еднаков пристап, без притоа да има фаворизирање ниту на една од страните кои ќе водат кампања “за” или “против”.

Ова го предвидува Упатството за медиумско претставување за време на референдумот, кое денеска го донесе Агенцијата за медиуми. Од АВМУ велат дека целта на упатството е да не се остави простор за манипулација од страна на медиумите за тоа што треба, а што не треба да биде дел од кампањата.

Во однос на начинот на известување за референдумот, медиумите се должни да ги почитуваат правилата за избалансираност, правичност и непристрасност. При објавувањето на резултатите од анкетите, јасно мора да биде напишан нарачателот, а истите може да бидат пуштени во етер најдоцна пет дена пред референдумот.

Референдумската кампања ќе заврши на 27 септември на полноќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.