Изјавата не би имала сериозна конотација, ако не доаѓа од пратеник на владејачка партија, со пратенички стаж од 20 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 13:24

Како што Путин влезе со војска во Крим, треба и Австрија во Африка?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на владејачката Слободарска партија на Австрија, Рајнхард Беш предложил, во целта на сузбивање на илегалната миграција во Европа, “запоседнување“ на територија во Африка.

Беш во интервју за „Ноје Форарлбергер Тагесцајтунг“ изјавил дека војската би требало да запоседне територија на северот на Африка, каде би воспоставиле бегалски центри.

Според Беш, кој е од 1999 година пратеник на FPO, најважно во борбата против илегалната миграција е заштитата на надворешните граници на ЕУ, за да може да се зачува благосостојбата во Европа и упатил сигнал дека во Европа не може да се дојде на илегален начин.

„Доколку тоа не успее, легитимно е да се воспостават центри во Либија и другите северноафрикански земји“ – изјавил тој.

Оваа идеја на Беш ја критикувал пратеникот на Зелените во Европскиот парламент, Мишел Рејмон кој го обвинил FPO дека “сонува за воен влез во северот на Африка“.

Како што Путин влезе со војска на Крим, така европските војници треба да го запоседнат северот на Африка и да го прекршат меѓународното право“ – навел Рејмон, кој побарал од австрискиот канцелар Себастијан Курц да реагира на предлогот на Беш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести