Канческа Милевска денес се појави на координација кај Талат Џафери, кој и понуди кафе при што и соопшти дека координатор ќе може да биде, но од следниот понеделник

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 12:25

Канческа Милевска го “попи” првото кафе со Џафери

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Исклучената пратеничка од ВМРО – ДПМНЕ и поранешна министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска денес го испи првото кафе со Талат Џафери како идна координаторка на новоформираната пратеничка група.

Според извори од кабинетот на Џафери, Канческа Милевска на денешната средба го информирала Џафери дека официјално до службите на Собранието доставиле информација за формирање на нова пратеничка група од осум пратеници под името „Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“.

Средбата Канческа Милевска спаѓа во редовните координациони средби кои со Џафери ги имаат претставиците на сите партии кои имаат претставници во законодавиот дом.

ВМРО – ДПМНЕ нема официјален став за оваа востановена практика, но како не го признаваат легитимитетот во изборот на Талат Џафери не присуствуваат на овие средби.

Џафери ја информирал Канческа Милевска дека правно нивната пратеничка група ќе може да започне со делување од следниот поенделник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.