Поранешниот премиер на државава Заев, побара за да има време да се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавно обвинителство на што Џафери вели дека не е можно да се остави простор за носење закони, наместо до 60, до 45 дена пред распуштањето на Собранието како што посакува лидерот на владеачката партија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 11:41

Талат Џафери го извиси Заев: Не можам да ги најдам тие 15 дена!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за Дојче Веле, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека институциите треба да работат според закон а не според сопствени желби. Тој рече дека не може да обезбеди дополнителни 15 дена, а да не биде променет датумот на веќе закажаните предвремени избори кои треба да се одржат на 12-ти април.

Талат Џафери во интервју за Дојче Веле рече дека не може да обезбеди дополнителни 15 дена без да биде променет датумот за предвремените избори.

Поранешниот премиер на државава Заев, побара за да има време да се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавно обвинителство на што Џафери вели дека не е можно да се остави простор за носење закони, наместо до 60, до 45 дена пред распуштањето на Собранието како што посакува лидерот на владеачката партија.

„Лидерите на парламентарните партии заедно се договорија да се одржат избори на 12-ти април, и тогаш знаеја кои закони се битни за донесување пред да се распушти парламентот. Сега во последен миг се пласираат идеи кои се косат со законските рокови за изборните дејства. Уставот е јасен: избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Институциите треба да работат според закон, а не според желби. И јас сум член на партија, и на партијата ѝ кажувам какви се роковите. Не е дека сакам да опонирам, туку мора да ги почитувам нормите”, вели Џафери за Дојче Веле.

Џафери дополни дека и оној рок од 51 ден кој го спомнува како минимален за реализирање на изборните дејства, е речиси на граница на ризик ‘до минута’.

„Може ли да има независни листи, кои имаат временски рок за собирање потписи? Може. Како ќе им го скратите тој рок? Тука се и законски определените рокови за жалбени постапки до ДИК, до Управниот и до Вишиот управен суд. Можете ли ним да им речете дека денеска мора да донесат одлука? Не. Има роковник, кој точно ги овозможува сите непоходни дејства. И оној рок од 51 ден кој го спомнувам како минимален за реализирање на изборните дејства, е речиси на граница на ризик ‘до минута’. Што ако падне елeктронскиот систем на ДИК? Не ќе може да ги прими листите“, останува на својот став Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести